valute-640x330На меѓународните валутни пазари минатата недела доларот ослабна , после растот една недела предходно откако ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за прв пат по речиси 10 години.

Девизниот курс на еврото во однос на американската валута минатата недела зајакна за околу 1 процент на 1,0970 $.

Доларот ослабна во однос на јапонската валута за 0,7 проценти на 120,30 ¥. Еврото зајакна во однос на јенот за 0,2 проценти, на 131,90 ¥.

Со слабиот обем на трговија во пресрет на божиќните празници, доларот изгуби дел од добивките од претходната недела, кога значително зајакна благодарение на првото зголемување на основната каматна стапка од страна на ФЕД.

Откако ФЕД ги зголеми каматните стапки, како што се очекуваше, на берзата сега вниманието е пренасочено кон темпото на натамошното зголемување на каматите, а тоа ќе зависи од економските индикатори.

И покрај падот минатата недела за 0,7 проценти, Долар индексот, е во добивка од почетокот на годинава од 8,5 проценти.