Нема денари во менувачниците, а еврото во моментов се продава за 61,3 денари. Од таму велат дека недостигот на денари е веќе неколку дена, а причината за тоа не им е позната. Стравуваат од евентуално зголемување на продажната цена на еврото. Од Народна банка на Република Северна Македонија велат дека курсот на денарот е, и останува стабилен. Од таму велат дека податоците од менувачкото работење не покажуваат некои отстапувања во реализираниот промет, ниту пак недостаток на денари.

–  Денарската ликвидност на банките е на солидно ниво, коешто воедно е и повисоко во однос на истиот период од претходната година, така што индикаторите коишто Народната банка ги следи на дневна основа упатуваат на здрава денарска ликвидносна позиција. Во однос на менувачниците, дури и при евентуален недостиг на денари, согласно регулативата, овластените менувачи можат на банките да им продаваат девизи од откупените ефективни странски пари и на тој начин да обезбедат денари- велат во НБРМ.

Во однос на курсната листа која ја применуваат овластените менувачи, од Народна банка велат дека истата тие самостојно ја утврдуваат согласно со пазарните услови, односно понудата и побарувачката на менувачкиот пазар.

– Во нашата држава, на менувачкиот пазар, во континуитет има поголема понуда на странска ефектива од побарувачка, што низ сите овие години резултира со стабилен курс на денарот на овој пазар. Согласно податоците со кои располага Народната банка нема  значителни промени во куповниот и продажниот курс на еврото кој го применуваат овластените менувачи- велат во Народна банка.
Од таму повторуваат дека дека курсот на денарот е и останува стабилен