Поскапување има кај лебот за неколку денари, во однос на претходните седмици, но и кај кафето, млекото, овошјето, зеленчукот, месото…

За килограм мелено месо ќе мора да издвоите над 250 денари. Млеко може да најдете по различни цени, зависно од прозводителот, од 50 денари нагоре, а познатото „Битолско“ достигна цена од 68 денари низ маркетите.

Ако претходно купувавте турско кафе од 200 грама по цена од 68 денари, сега за истото треба да платите од 93-100 денари.

Домати низ маркетите нема поевтини од 60 денари. Бананите исто така „држат цена“ од над 60 денари за килограм.

Маслото за јадење чини од 135 денари до 165 денари, зависно од брендот и маркетот.

Средствата за лична хигиена и одржување на домаќинството исто така се поскапени, освен ако не ги начекате на некаква акција низ поголемите маркети.