media-i00001049w771h578q97Шокот кој го предизвика растот на швајцарскиот франк за еден ден, како и поскапувањето на кредитите во швајцарски франци за 15-30 %, се уште не се стишил, а економистите предупредуваат да слично сценарио може да се случи и со еврото.

Кога и во која мера, никој со сигурност не може да каже, меѓутоа принципот е исти еврото сега е слабо во однос на американскиот долар, а доколку зајакне ќе дојде и до пораст на задолжувањата во евро валута.

Економистите кажуваат дека никој не може со точност да каже како ќе се движат курсовите на меѓународните валути, но дека граѓаните треба да знаат дека превземаат ризик доколку подигнуваат кредити кои се врзани со странска валута.

Промените кај курсот на еврото можат да се случат уште на 22 јануари кога ќе се одржи состанок на гувернерите на Европската централна банка, на чиј состанок на дневен ред ќе биде програмата за инјектирање пари во финансискиот систем на еврозоната.

Доколку се одлучи да дојде до реализација на програмата еврото би можело да ослабне во однос на останатите валути, во спротивно еврото може да зајакне. Според аналитичарите веднаш при објавата на решението курсот на еврото во однос на американскиот долар би можел да падне 2 до 3 проценти, а понатамошното движење ќе зависи од одлуката на Европската централна банка по однос на програмата.