Мал е бројот на договори за субвенционирана цена на струја и кај училиштата – од 477 пријавени се само 233. Премиерот Ковачевски ги искара општините бидејќи не ги пријавиле образовните институции навреме а наместо тоа барале субвенции за административните згради.

„Овие мерки не се за некој да седи по канцеларии да си вари кафиња, да си држи состаноци и да си чита весници. Овие мерки се за граѓаните, овие мерки не се за некој во време на криза да ужива во раскош, а некој да не може да врзе крај со крај. Затоа да си понесат одговорност за комунални претпријатија за снабдување со вода, за основни и средни училишта за да се обезбеди се она што е потребно за граѓаните.“-Димитар Ковачевски, претседател на Влада.

Рокот за аплицирање заврши вчера. За оние кои досега не поднеле документи ќе има нов повик од 1 јануари.