svetski valutiШвајцарскиот франк и јапонскиот јен на меѓународните девезни пазари зајакнаа бидејќи инвеститорите се загрижени поради остриот пад на индексот на кинеските берзи и инвестициите ги насочија кон валутите кои имаат репутација на засолниште за капиталот.

Еврото во однос на швајцарскиот франк се намали за 0,3 проценти и се тргуваше за 1,0805 франци. Со ист процент на загуба во однос на швајцарската валута е и доларот, спуштајќи се на 97,60 центи. Доларот минимално ослабе и во однос на јенот за 0,1 проценти, на 124,30 ¥.

Инвеститорите во вторникот ги загрижи остриот пад на акциите на пазарите во Кина дури за шест проценти, врз основа на шпекулациите за натамошно слабеење на побарувачката во Кина со што се јавија сомнежи за глобалното економско закрепнување.

Во таква средина зајакнаа стравувањата дека Кинеската централна банка повторно ќе го девалвира јуанот, после 4,6 процентната девалвација претходната недела и на тој начин да ја поттикне глобалната валута војна.

Несигурноста ги усмерува инвеститорите кон валутите кои се сметаат за безбедни инвестиции, како швајцарскиот франк и јапонскиот јен.

Голем број аналитичари се уште очекуваат ФЕД во септември да ги зголеми каматните стапки, иако врз основа на нивната проценка тоа во голема мера зависи од макроекономските податоци од САД и од движењето на глобалните пазари на капитал во текот на следните недели.

“Каматите ќе бидат подигнати во наредните шест месеци, под услов Кина повторно агресивно да не го девалвира јуанот. Во таква средина вредноста на доларот ќе зајакне”, објаснува Jeffrey Halley од Saxo Capital Markets.

Меѓу другите валути, британската фунта во однос на еврото и на доларот зајакна 0,6 проценти, по објавата на податоците кои покажаа неочекувано силна инфлација во јули, поткрепувајќи ги очекувањата британската централна банка да ги зголеми каматните стапки во наредните месеци.