На крајот на четвртиот квартал од 2022 година нето надворешниот долг изнесува 4.349 милиони евра (или 33,7% од проценетиот БДП), соопшти Народната банка.

Во четвртиот квартал од 2022 година е зголемен за 432 милиона евра, или за 11%. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 64%.

Во текот на четвртиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 318 милиони евра и изнесува 8.151 милион евра, што претставува 63,2% од проценетиот БДП за 2022 година.