На 31.3.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.229 милиони евра (или 29,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2023 година е намален за 120 милиони евра, или за 2,7%, соопштија од Народната банка.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 63%.

Во текот на првиот квартал од 2023 година негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 50 милиони евра и изнесува 8.101 милион евра, што претставува 57,1% од проектираниот БДП за 2023 година, се додава во соопштението.