977677Украинската валута продолжи да опаѓа и покрај помошта на Меѓународниот монетарен фонд, која е наменета за да се избегне банкрот на Украина.

Званичниот девизниот курс на гривната, која за една година изгуби речиси три четвртини од својата вредност, изнесува 26,04 гривни за долар и 29,64 гривни за евро.

Вредноста на гривната бележи пад од 5 февруари, кога Народната банка на Украина одлучи да не интервенира за да ја заштити валутата. Оваа мерка беше побарана од ММФ со загриженост дека официјалниот курс не одговара на нестабилната ситуација во Украина.

Девизните резерви, кои се на располагање на украинските власти, достигнаа многу ниско ниво и сега го покриваат увозот за период од само еден месец, додека генерално овие резерви треба да покриваат увоз за следните три месеци.

Падот на гривната го потврдува и инфлацијата која на годишно ниво изнесува 28 проценти. Земјата се соочува со длабока рецесија, а ситуацијата додатно ја влошува конфликтот во источниот дел на Украина, каде што се наоѓа голем дел од индустријата во целата земја.

Со цел да избегне банкрот на Украина, ММФ минатата недела најави пакет на помош од 17,5 милијарди долари за четири години во рамките на глобалната помош на западот од 40 милијарди долари.

Аналитичарите веруваат дека помошта од ММФ ќе биде од корист за финансиските потреби на земјата, но неопходно е и преструктуирање на долгот кон приватните кредитори.

Долгот на Украина е 72 проценти од бруто домашниот производ (БДП), а се очекува рецесијата да продолжи и во текот 2015 година.