„Изминативе години се презодоа мерки со кои се стопираше негативниот тренд во земјоделското производство и се пристапи кон негово стабилизирање. Сведоци сме на стотици милиони евра инвестиции во системи за наводнување, земјата се дава на вистинските земјоделци и Владата излегува во пресрет на барањата и ги решава проблемите на земјоделците“, рече експерката за земјоделски политики и рурален развој Ленче Николовска на панелот „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ што се одржа во рамки на годишната конференција „Година на нови можности”.

Таа додаде дека впечатокот кој го оставаат Владата и Министерството за земјоделство е отвореност, кооперативност, па дури и сервилност кон барањата на земјоделците.

„Големата цел на реформите во земјоделството е прилагодување на македонскиот аграр со заедничката земјоделска политика на ЕУ. Новиот модел на субвенционирање е токму тоа. За нас тој е нов, но тој е веќе докажам, успешен и добар за земјите во ЕУ“, рече Николовска.

Таа додаде дека новиот систем за субвенционирање е одговор на сите критики изминативе години дека субвенциите во земјоделието немаат развојна компонента.