Се предлага зголемување на субвенциите, кај овците од 1000 на 1700 денари и кај млечните крави од 3000 на 4000 денари.

-Транспарентно и отчетно ќе го презентираме новиот модел за субвенционирање за земјоделците. Промената која ја предлагаме за сточарите предвидува субвенционирање на основните репродуктивни грла, односно тие што ќе даваат месо и млеко, објави Николовски.

Додаде дека се предлага зголемување на субвенциите, кај овците од 1000 на 1700 денари и кај млечните крави од 3000 на 4000 денари.

– Дополнително со новиот модел сакаме да ја забрзаме исплатата за произведеното и предадено млеко и работиме на тоа да креираме систем каде исплатата на оваа мерка нема да доцни и ќе биде на месечно ниво, наведува тој во објавата.