Нина, цуро фина, плагијаторство није врлина!

Викендов, се случи тектонско поместување на македонската ИТ и бизнис сцена. Стигнаа абери дека Нина Групер го продала македонскиот Групер на полската компанија ASSECO. Ова успешно превземање на овој македонски старт ап, дури делуваше невообичаено за нашите застојани услови и неподнослива инертност. Истата оваа фирма, пред неколку години, го превзеде и Пексим, домицилниот гигант за правење финансиски и други видови на софтвер. Интересот на полскиот ИТ гигант си е оправдан по нему познати калкулации и визии и во тоа не би навлегувал. Она што ми беше интересно и ќе пробам да дадам мое мислење е зошто некој би продал фирма прва од тој вид, релативно успешна со над 270.000 корисници физички лица и над 60.000 правни лица кооперанти? Според мене постојат две причини:

Прво, Нина, цуро фина, можеш ти да украдеш концепт и идеја, можеш да украдеш бизнис модел, впрочем еден куп такви излитени фаци има овде, можеш дури да ги украдеш и боите од оригиналниот америчкиот Групер како и нивните фејк насмевки на рекламните паноа. Се можеш да украдеш и превземиш. Едно нешто не можеш, а тоа е креативноста, идејата, новите идеи, новите модели на развој, новите идеи и пенетрација на нови пазари, растот не можеш да го прекопираш. За раст и експанзија треба идеја, искуство на надворешни пазари и „муда“. Очигледно и буквално и фигуративно, ништо од ова немаш. Дојде до одреден раст, на локално тржиште, и како секоја македонска промашена бизнис приказна, застана и почна да калкулираш. Јасен „македонски бизнис модел“ – дојди до пари брзо, потоа курчи се и продавај магла. Сметам дека безидејноста за експанзија на нови пазари е еден од стожерите на оваа „паметна“ одлука. Но, твоја фирма, твоја одлука, не сакам да се мешам. Само е стварно глупо, наместо да освојуваш нови пазари со докажан бизнис модел, едноставно да продадеш готов бизнис со стотици илјади шерхолдери за „шаку долара“. Ама и за ова да го разбериш треба да имаш бизнис акумен, да си иновативен и оригинален.

Втор момент, кој можеби никогаш и не би признала, но длабоко во себе знаеш дека е така, па те доубедило да ја продадеш компанијата, е се послабите резултати на истата. Сметам дека со екскурзијата како министер за финансии, за која беше ставена знаеш само да пополниш место и да потпишуваш донамби, си створи многу непријатели, кои, гледајќи ја твојата неспособност како министер, едноставно твојата компанија престанаа да ја гледаат со „благи очи“. А и не ги кривам тие луѓе, една фаќин хартиена сметкопотврда ти беше климакс на реформацијата и таа не успеа да ја дигитализираш. Единствено што правеше е себе промоција по некакви си феминистички настани, се прогласуваше за некаков си амбасадор лево десно, за на крај, во склад со неинвентивната и прикрадлива природа твоја, да навремено го евакуираш гзот и илјадниците евра од Еуростандард банка, каде по добиени инсајдерски информации подмолно ги извлече своите пари, а не алармираше за да и штедачите извлечат што можат од оваа руина од банка и кадар. Овој потег, ми ја доразбистри мојата перцепција за тебе. И затоа немам респект за тебе. Ова што сега се случи со продажбата на твојата компанија, е само уште една потврда за твоето реноме и го гледам како „падобран за спасување“ од цунамито кое те зафати поради твојот ченгија карактер. Нема везе, терај си, ти посакувам многу среќа во идните „проекти“, само знаеш и сама дека животот е како сито-решето: Само големите камења остануваат горе, муљот и тињата паѓаат долу.

Каков неславен крај на една славна плагијаторка….

А тоа со кој ум и здрав разум ти беше поставена за министер за финансии ( не дека беше многу полоша од моменталниов лимен војник кој само ја пополнува фотељата) јас стварно не знам. Тоа треба да биде тема за поширока социо-психолошка анализа на подруг кадар.

Затоа ќе завршам како што почнав: Нино, цуро фина, плагијаторство није врлина! Кад тад на долги стази безидејноста и копирањето завршуваат на буништето на историјата.

 

Наум Димитровски