Старото умотворение низ вековите напластувало искуствена мудрост и оттука ги давало поговорките, па една таква умотворба вели: То што не се прчело, не се ни козит. 

Во слободен превод тоа би значело таа коза што не се прчела, не може ни да се кози, или како што вели Библијата „грозје се бери од лозница, не од бобинка“. Главната поента е следната : Нешто што знаеш дека не може да испорача резултати, џабе се надеваш и го форсираш… Тоа се случи и во овој случај… Дека на време Ви кажав и предвидов ќе Ве насочам на колумната која ја напишав и објавив на 23 август 2019 година. Памтам, беше многу убав сончев и топол ден, јас оптегнат на тераса на грчкото крајбрежје, читам и не верувам Нина Групер – плагијатор од нов ков и Коки Лигња – плагијатор од стар ков, ги предложува безидејното водство на антикава за министер за финансии и не знам што друго… Отпрвин не можев да верувам, ама потоа видов дека е сигурна веста, па решив да го напишам ова.

Еве сега, да сублимираме што се случи и што се сработи со овие ликови:

Госпојцава – министер за себепромоција и феминизам, во слободно време и за финансии, се прошета низ министерството, помудрува лево десно со излитени и исфуцани фрази, ништо ново и иновативно не се очекуваше од ваков плагијатор, го основа тимот на чело со секретарката инфлуенсерка-меракливка, се прошетаа лево десно на државен трошок, и генерално ништо. Си замина, потпиша што требаше да потпише, ја стави и оваа ставка во CV-то и чао пријатно. За на крајот, така плагијаторски подмукло и својствено на секоја мативода да ги повлече своите пари од банката за која имаше инсајдерски информации за стечај, ама овој факт не го сподели за да се куртулат парите на министерството или граѓаните… Тоа се што треба да се знае за оваа госпојца, да не искористам некој потежок збор.

Другава госпојца – со брада – со цвикери интелектуалки и ванаби тетоважи – да се биде ИН, се промува лево десно, го прогласија за најчитан автор во Македонија ( среќа што никој ништо не чита тука – па затоа плагијатор може да биде најчитан ) и на крај го смести дебелиот задник во ФИТР.  Го замени на г-ин Јован Деспотоски , човек кој сметам дека е еден од ретките квалитетни кадри кои моментално ги имаме. И прво што се фати вторава госпојца беше да муљат реклами лево десно по ортачки братски маркетинг и ПР агенции. Најлесно пари се пумпаат надвор преку маркетинг … знае овој преварант од стар ков…. Е, ама не знае дека постојат 2 фактори:

Прв проблем – Кога даваш пари ( кредити, грантови, субвенции и друго ) не мора да се рекламираш баш нешто страшно. Едно соопштение е доволно и ќе те најде тој што има мака. Ама па од каде ќе знае? Наместо искусен финансиер или човек со искуство во развој на стартап системи, ние редиме ивент госпојца да ги води овие работи. Уште поголем проблем е несоодветната алокација на парите, кои наместо да завршат во правите, продуктивните, зелените, извозно-ориентираните проекти на непристрасна основа, првичната цел за која е основан ФИТР, овие пари ќе одат по вујнинско-брачедско-партиски баци маци фаци комбинации… И пак ќе напоменам дека не е најголем опортунитетен трошок што ќе испарат овие пари… Најголем трошок е што нема да бидат алоцирани кај реалните, здрави и „без врски“ проекти, кои ето, можеби нешто и ќе донеселе на оваа папсана економија. Дупол трошок, ем квалитетниов го испумпуваме надвор од оваа античка вукојебина, бидејќи не може да припари до финансирање, ем неспособнава вујна-комбинација ја напумпуваме со буџетски пари….

Вториот проблем, за кој јавија од штабот за индоктринација на тоталитарната секта наречена вемеро – ама во случајов се во право – е што законски не смее државна институција да се рекламира. Си стои изричито во законот. Е сега нашава госпојца со брада, ништо не знаел, не видол, не знаел што потпишвел… Се знае шемата, не сам знајала… То е то… Овие па другиве на хиерархијата, нема ни да го осудат вербално, зошто, затоа што не ни имаат некој соодветен кадар… Се е комбинација со истата, износена, изфуцана полуинтелектуална бижутерија… И така со години… Тоа е тоа… Не сакав колумнава да излезе дека ги блатам овие два патетични ликови, но не оставаат избор…

Абре што проклетија ќе беше ова, во оваа антика? Кој како дојде на некоја си функција, абре прво за крадење се фаќа… Ало бре луѓе, дали имате грам совест, патриотизам и порив за напредок? Страв од закон очигледно немате, и оправдано, пошо закон очигледно нема. И да има не се почитува. А како и би се почитувал ко сите сте некакви вујни-брачеди-маци-фаци-мајонез-баци госпојци…

 

Наум Димитровски