НЛБ Банка како компанија е континуирано посветена на обезбедување поддршка во општествено одговорни активности особено кај најранливите категории. За време на Ковид кризата која нѝ наметна многу предизвици, Банката започна голема донаторска акција која денеска ја финализираше и подари 60 персонални компјутери (лаптопи) наменети за училишта и ученици од социјално ранливи семејства, а со цел поддршка при реализација на онлајн наставата.

Имено, при крајот на минатата година НЛБ Банка со поддршка од Mastercard, а по повод својот 35-годишен јубилеj, организираше голема донаторска акција, во која беа издвоени 30.000 евра за набавка на компјутери кои ќе им помогнат на учениците од социјално ранливи семејства за непречено и редовно следење на онлајн наставата.

 

Распределбата на компјутерите беше направена во соработка со Министерството за образование, а донацијата се реализираше во следните општини: Богданци, Градско, Јегуновце, Кавадарци, Кочани и Ресен.

„Нашата Банка како општествено одговорна компанија на повеќе наврати изминатата година, реализираше донации во согласност со најгорливите потреби кои произлегоа од пандемијата и несебично го даде својот значаен придонес за зајакнување на општественото ткиво. Една од главните иницијативи беше да обезбедиме неопходна поддршка за редовно спроведување на онлајн наставата и да им помогнеме на децата во надминување на предизвиците наметнати од Ковид кризата. Веруваме дека образованието, не само што е од клучно значење, туку претставува рамноправна придобивка за секое дете и бескомпромисно ќе се бориме секое од нив да го добие она што го заслужува“, велат од Банката.

Улогата на НЛБ Банка како системски значајна Банка е многу одговорна, а грижата за граѓаните и воопшто одржувањето на општественото добро е од клучно значење. Затоа нивните заложби и во иднина ќе продолжат во насока на континуиран придонес онаму каде е најпотребно со цел да се надминат предизвиците кои стојат пред нас.