НЛБ Банка АД Скопје поднесе Предлог-одлука за распределба на дивиденда и утврдување дивиденден календар.

Согласно Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година и 2020 година ќе се исплати дивиденда во бруто-износ од 1.526.207.007,00 МКД.

За акумулираната добивка од 2019 година ќе биде исплатен износ од 503.895.990,00 МКД, а за 2020 година ќе биде исплатено 1.022.311.017,00 МКД.

Износот на бруто-дивидендата по акција ќе изнесува 1.787,00 денари, што е помал во однос на претходните најави и она што го очекуваа акционерите.