НЛБ Банка го поддржува развојот на младите кадри и ја поттикнува младата студентска иницијатива. Традиционално, НЛБ Банка нуди можност за практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии од областа на економијата и информациските технологии.

 

 

Досега банката има воспоставено успешна соработка со следниве високообразовни институции во државата:
УКИМ Економски факултет – Скопје, УКО Економски факултет – Прилеп, ФОН Универзитет – Факултет за економски науки, ЈИЕ Универзитет – Факултет за бизнис администрација, УКИМ Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје.

Студентите избрани за пракса за време на летото имаат можност да учествуваат во банкарските операции, да работат во динамична и постојано променлива околина, да научат за различните области од банкарството и сл. Врз основа на остварената пракса, практикантите се здобиваат со препорака за реализација на пракса со евалуација на нивниот ангажман и можности за вработување во Банката.

На слендниов линк може да аплицирате за пракса.