НЛБ Банка во периодот од 01.03.2018 до 31.05.2018 година, спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица.

Во рамки на кампањата, клиентите можат да ги искористат следните промотивни поволности:

  • Без трошоци за одобрување за ризико потрошувачките кредити и сребрениот потрошувачки кредит и 50% пониски трошоци за одобрување за останатите потрошувачки кредити ;
  • Без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка за станбените кредити;
  • Без трошоци за одобрување на автомобилските кредити и 50% пониски трошоци за одобрување за хипотекарните кредити.

Повеќе информации може да се добијат на веб страната на НЛБ Банка, во најблиската експозитура на Банката или на телефон 02/15 – 600.