НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2020 година оствари нето добивка во износ од 705.377 илјади МКД, што претставува намалување за 26,8% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2020 година се пониски за 1,5%споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,1%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 18,5% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.

Нето приходите од провизии се пониски за 3,8% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се намалени за 2,1% како резултат превземените мерки на Банката за олеснување на последиците од КОВИД -19 пандемијата како што се укинување на надоместоците за електронско банкарство и ПОС терминали, како и пад кај приходите во доменот на картично работење поради намалената активност на клиентите во услови на криза.

Расходите за провизии се повисоки за 1,1%, главно поради повисоки расходи поврзани со картично работење.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 219.090 илјади МКД и се повисоки за 74,1% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.186.857 илјади МКД и се повисоки за 2,4% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 933.070 илјади МКД и се намалени за 1,7% при што трошоците за вработени се повисоки за 2,1%, трошоците за амортизација се повисоки за 4,9%, останатите расходи од дејност се пониски за 6,8% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 30.6.2020, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 453.812 илјади МКД соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 16.223 илјади МКД.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.