Во периодот од 01.01.2018 година до 31.03.2018 година НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2018-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата. Банката, вопрвиот квартал од 2018-та година ги оствари сите планирани оперативни и финансиски цели, при што зачувана е високата ликвидност, стабилност и солвентност на Банката.

Со 31.03.2018 година билансната сума достигна 75.100.693 илјади МКД, односно се намали за 654.951 илјади МКД или 0,9% во однос на 31.12.2017 година, што главно се должи на сезонски пад на депозитите од небанкарскиот сектор, коишто се намалија за 1.542.290 илјади МКД или 2,5% и изнесуваа60.028.303 илјади МКД.

Вкупните кредити на небанкарскиот сектор се намалија за 915.500 илјади МКД или за 1,9% во однос на 31.12.2017 година и изнесуваат47.801.324 илјади МКД, при што падот најмногу се должи на намалената состојба на кредити на нефинансиските друштва.

Нето добивката на Банката заклучно со 31.03.2018 година изнесува 967.415 илјади МКД и е повисока за 69,0% во однос на истиот период од 2017 година.

Нето каматните приходи, заклучно со 31.03.2018 година се повисоки за 2,1% споредено со истиот период од претходната година, при што приходите од камати се пониски за 0,6%, главно поради пониски каматни приходи од кредитите на нефинансиски правни лица, додека расходите по камати се пониски за 12,0%.

Нето приходите од провизиисе повисоки за 16,4%, при штоприходите од провизии се зголемени за 6,2% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење, повисоки приходи од зголемениот број накорисници на трансакциски сметки, електронско банкарство и лично банкарство, како и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси.Расходите за провизии се пониски за 13,6%,главно поради пониски расходи поврзани за картично работење и девизен платен промет.

Останатите некаматни приходиизнесуваат 439.024 илјади МКД и се повисоки за 512,2% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварена капитална добивка од продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.429.444 илјади МКД и се повисоки за 41,6%во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 430.323 илјади МКД и се повисоки за 3,8%.Трошоците за вработени сеповисоки за 16,8%, трошоците за амортизација се повисоки за 2,9%,додека останатите расходи од дејност се пониски за 7,5% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 31.03.2018, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во позитивен износ од 80.709 илјади МКД, што е повеќе за 26,4% споредено со истиот период од претходната година. Исправките на вредност на финансиските средства соодветствуваат на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваа4.924 илјади МКД и се пониски за 84%во однос на истиот период 2017, поради помали трошоци за оштетувања на нефинансиските средства во 2017 година.