НЛБ Банка секогаш со особено задоволство ги споделува вестите за новите спонзорства и соработки со кои Банката го оправдува своето активно учество и грижа за квалитетот на општествениот живот во нашата земја. Помошта и соработката кога е наменета за најмладите за НЛБ Банка претставува највисок чин на инвестиција во иднината, бидејќи од банката веруваат во безгрижно детство и храбра, спортски ориентирана и едуцирана младина, па затоа фокусот на НЛБ Банка многу често гравитира токму околу младите.

„Овојпат ја имавме честа да оствариме исклучитлно важна и возбудлива соработка со Првиот Скопски Извиднички Одред (ПСИО), која е најстарата младинска организација и најстар извиднички Одред во Република Северна Македонија. Наидовме на многу заеднички вредности кои НЛБ Банка ги негува со овој одред затоа без многу размислување си подадовме рака за уште едно значајно спонзорство благодарение на кое во изминатиот период активно и волонтерски се работеше на изработка на летната училница сместена во дворот на шумското школо – Извидничкиот дом „Чичко Боро“. Тој се наоѓа на 35 километри од центарот на Скопје, на планината Китка, Мала Река на 950 мнв. Сместен во живописен природен амбиент кој изобилува со густа шума, реката Мала Река која е притока на р.Кадина, многу патеки за хајкинг и планински велосипедизам.”, велат од НЛБ Банка.

 

Летната училница, која се изработи со финансиска помош на НЛБ Банка, има изглед на „летниковец“ односно простор кој ќе биде користен за одржување едукативни работилници за време на престојот во планина, но и место каде ќе може да се седне да се јаде, игра и слично.

 

Потребата од ваква отворена училница беше одамна предвидена, но заради ситуацијата со корона вирусот Ковид-19 стана неопходност за непречено и безбедно одвивање на едукативни работилници на отворенo.