Во среда, во 16 часот, на онлајн прес-конференција НЛБ ќе ги претстави деталите за новата НЛБ Арт програма, соопштија од банката.

„Со ова НЛБ Групацијата станува главен поддржувач и партнер на современата уметност и уметниците во Југоисточна Европа, нејзиниот роден регион. НЛБ Групацијата ќе инвестира во купување и нарачки на уметнички дела и уметнички проекти, а нејзината нова колекција на современа уметност наречена Уметност на ЈИЕ ќе добие посебно место во галеријата на НЛБ Групацијата во Љубљана“, се вели во соопштението до медиумите.

Домаќин на прес-конференцијата ќе биде претседателот на Управниот одбор на НЛБ Блаж Бродњак, кој ќе зборува за визијата на НЛБ Групацијата за поддршка на уметноста, Ирена Чук, директор на Институтот за културно наследство на НЛБ, д-р. Мета Кордиш, кустос и членовите на новоформираниот Уметнички совет на НЛБ: д–р. Мира Гаќина (Скопје), Маја Колариќ (Белград) и Тевж Логар (Риека).

„Уметноста е важен столб на одржливи и општествено одговорни операции, бидејќи ни помага да ги видиме и препознаеме општествените процеси. Исто како економијата, уметноста не познава граници“, велат од НЛБ.

Од таму додаваат дека со колекцијата Уметноста на ЈИЕ (SEE ART) сакаат да ги поврзат современата уметност и уметниците, да се препознаат талентите во овој регион, да ги поддржи и промовира и да ги отвори вратите за соработка, дијалог и нови можности.