Нето добивката на НЛБ групацијата заклучно со третиот квартал на 2020 година достигна 104,6 милиони евра, што е за 36% помалку во споредба со истиот период минатата година.

Профитот на Групацијата се намали за 57,6 милиони евра како резултат на дополнителни оштетувања и резервации. По дискусијата за остварените резултати, Надзорниот одбор го продолжи мандатот на г-дин Блаж Бродњак за претседател на Управниот одбор за дополнителни пет години.

„Откако бевме сведоци на хибернација на економијата во првата половина на годината поради пандемијата на Ковид-19 и последователниот прекин на јавниот живот и економијата, намалувањето на инфекциите и укинувањето на мерките за борба против епидемијата во летните месеци, НЛБ објавува деловни резултати“, стои во соопштението на групацијата.

Така, НЛБ групацијата забележа нормализирање на приходите, што го достигна нивото како и пред пандемијата. Нето добивката падна за еден процент на 383,3 милиони евра во првите девет месеци, додека добивката пред исправка на вредноста и резервациите падна за два проценти на 167 милиони евра.

НЛБ Банка АД Скопје придонесе со 20,5 милиони евра или учествуваше со 19,59% во вкупната нето добивка на групација во износ од 104,6 милиони евра.

Покрај Бродњак, кој е одговорен за банкарство на мало, приватно банкарство и корпоративно банкарство, Надзорниот одбор им даде нов мандат и на Арчибал Кремсер, одговорен за финансиско работење и на Андреас Буркхард, одговорен за ризиците. Четвртиот член, Петр Брунцлик, се приклучи на одборот во мај.