Денес, 13-ти март 2018 година, НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје согласно договорот со реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана, за продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје кој беше склучен на 12-ти декември 2017 година, извршија продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана. НЛБ д.д. Љубљана, поседуваше 51% од акциите додека НЛБ Банка АД Скопје поседуваше 49% акции во НЛБ Нов пензиски фонд.

Во декември 2017 година, НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје склучија договор со реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана, за продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Согласно Договорот, инвеститорот Сава Ре д.д. Љубљана во предвидениот рок обезбеди согласност од регулаторот МАПАС за пренос на 100% од акциите издадени од Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд на Сава Ре д.д. Љубљана, како и дозвола од Комисијата за заштита на конкуренцијата, со што се исполнија сите услови за продажба на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Продажбата на 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје се изврши преку Македонската берза за хартии од вредност по цена од 921 евра по акција, во денарска противвредност.