Преку ревидираниот финансиски извештај на НЛБ Банка, беше обеледенето дека за грабежот во трезорот кој се случи на 10.04.2017 постои осигурителното покритие од страна на Сава Осигурување АД Скопје. Во декември минатата година банката и осигурителната компанија потпишале договор за спогодба за надомест на штетата.

Врз основа на осигурителната полиса до Сава за штетниот настан во трезорот на НЛБ во вкупен износ од 178.035.000 денари и потпишаната спогодба за надомест на висината на штетата во висина од 80% од вкупниот износ на штетниот настан намален за дел од франшизата, на ден 09.01.2018 и 10.01.2018, Сава исплатила 142.794.000 денари, стои во ревидираниот извештај на НЛБ објавен на Македонска берза.

За остатокот од вкупниот износ на штетниот настан (франшизата) НЛБ призна трошоци во Билансот на успех како останати расходи од дејноста во износ од 35.241.000 денари.