Норвешки Еквинор извести денес дека 2022 година за завршил со најголема добивка откако е формиран, придружувајќи се на низата компании кои објавија рекордни резултати благодарение на силниот раст на цените на гасот и нафтата.

Нето добивката на Еквинор изнесувала во минатата година 28,7 милијарди долари и била тројно поголема од 2021 и најголема откако е формирана годината. Прилагодената оперативна добивка е двојно зголемена во споредба со една година претходно, достигнувајќи рекордни 74,9 милијарди долари. Претходниот рекорд од 2008 година изнесувал 36,2 милијарди долари, а бил резултат на рекордната цена на нафтата од Северно Море.

Компанијата во мнозинска сопственост на норвешката држава го истиснала минатата година руски Газпром од позицијата водечки снабдувач на Европа со природен гас поради саботираните гасоводи и западните санкции против Русија.

Еквинор минатата година произвел два отсто помалку нафта и гас отколку во 2021, вкупно 2,04 милиони барели еквивалент на нафта дневно, но во оваа година очекува зголемување на производството за три отсто. Производството на гас на полињата во Норвешка пораснало минатата година за осум отсто, додека производството на нафта се намалило за шест отсто, покажува деловниот извештај на Еквинор.

Компанијата поголемиот дел од добивката го остварува во Норвешка каде компаниите плаќаат данок по стапка од 78 отсто. Напоменуваат дека за 2022 ќе платат рекордни 49,9 милијарди долари данок.

Во 2023 Еквинор очекува капитална потрошувачка од 10 до 11 милијарди долари, во согласност со досегашниот план. Проценката на потрошувачката сепак е крената за следните три години, од 12 на 13 милијарди долари годишно.