Norwegian Air го продава својот удел во својата профитабилна банка – подружница за зајакнување на финансиите.

Превозникот вчера објави дека го продава своето  учество од 17,5% во норвешкиот фонд „Norwegian Finans Holding“, кој е сопственик на Bank Norwegian, за 2,2 милијарди круни (246,7 милиони американски долари). Договорот со Nordic Capital и финскиот осигурителен гигант Sampo ќе  собере дополнителни финансии за третата по големина буџетска авиокомпанија во Европа, додека таа се бори да ги надмине проблемите со капацитетот во целиот свет. Минатата недела компанијата објави дека прекинува одредени непрофитабилни трансатлантски рути.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение на редакцијата на БанкоМетар.мк