Согласно известувањето од Македонската берза, настанати се измени во Надзорниот одбор на  НЛБ Банка со назначување на нов член.

Целото соопштение Ви го пренесуваме интегрално :

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

Ве известуваме дека од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност  г-ѓа Хедвика Усеник да биде именувана за член на Надзорен одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Решението се издава со важност до 11 септември 2021 година.