Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.04/2021 за долгови доспеани до 31.12.2020 и неплатени до 31.03.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.04/2021 објавени се 1.746 должници – правни лица (помалку за 79 од претходната листа) и 2.773 физички лица (помалку за 18 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2021 изнесува 9,696,152,167 денари, помалку за 391,456,772 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9,484,200,060 денари (помалку за 551,359,802 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 211,952,107 денари (повеќе за 159,903,030 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.