Биткоинот денес скокна над 57.000 долари, соборувајќи го својот последен рекорд од 54.880 долари. Вредноста на најпознатата криптовалута сега е околу 57.400 долари.

Од почетокот на 2021 година, оваа моќна монета се зајакна за 72 отсто, особено откако компанијата за е-возила, „Тесла“, објави дека вложила дури 1,5 милијарди долари во набавка на виртуелната валута.

Исто така, инвеститорите покажаа голем интерес за биткоинот, што го поттикна растот. Компаниите започнаа масовно да најавуваат прифаќање на биткоинот, и прашање на време е кога тие ќе станат регуларно платежно средство.