Се изготвува нов модел за субвенционирање, преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Приоритет ќе биде даден на стратешки важните култури и производи за државата – информира министерот за земјоделство Николовски.

Да се елиминираат злоупотребите и да се зголеми домашното производство кое ќе остане дома. Министерството за земјоделство најави почеток на процесот за нов начин на субвенционирање на земјоделците.

Министерот Николовски вели дека со советот за аграр ќе ја разгледуваат фактичката состојба и можноста за воспоставување на нови механизми.

Националниот план за производство на храна донесен пред почетокот на Руско-украинската војна, според Николовски веќе дава резултати. Вели дека двојно е зголемено производството на сончоглед како суровина за производство на масло за јадење.

Со новите планирани мерки смета дека дополнително ќе им се помогне на земјодењлците. Министерството има план дури и да го зема под наем приватното земјише кое не се обработува, сè со цел да има поголема независност од храна.