Владата денеска најави нов модел на субвенционирање на земјоделците со  зголемена контрола и дополнителни услови за добивање финансиска поддршка

Нов модел на субвенционирање на земјоделците најавија министерот за земјоделство Љупчо Николовски и премиерот Димитар Ковачевски. Првичната верзија е помината на владина седница а предвидува земјоделците да добиваат субвенција не само за поседување обработлива површина земја, туку и за остварено производство. Целта е да се поттикне поголемо производство храна и да се намали увозната зависност на земјава, а акцентот ќе биде на стратешките култури, вели Николовски.

Основната субвенција би ја добивал земјоделците кои обработуваат земјоделски површини со едногодишна култура. Дополнителната субвенција, пак, е врзана со остварен принос, но и со предавање на производството во регистрирани домашни капацитети.

Овој начин на субвенционирање веќе се воведе како пилот-проект во текот на изминатата година за сончоглед, пченица , јачмен и други стратешки култури, кои според премиерот Ковачевски веднаш дале позитивни резултати.