Распишан е нов тендер за набавка на јаглен за надминување на енергетската криза што од Европа се прошири и во Македонија. Понудите ќе се отвораат на 2 ноември.

Овој пат, вториот тендер што го распиша националниот произведувач е за 900 илјади тони и важи само за потребите на РЕК Битола, односно не се споменува ТЕЦ Осломеј, чие рестартирање беше планирано во претходниот повик, кога се бараа 1,2 милиони тони. Рокот на првиот повик прво беше одложен, а потоа поништен со изговор дека нема понуда за доволна количина.

Три македонски, како и рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина се јавија на повикот на АД ЕСМ за набавка на јаглен за РЕК Битола и за Осломеј минатата недела. Но понудите за РЕК не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нуди доволна количина јаглен.