Цените на нафтата од утрово растат. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава скокна за 2,5 отсто на 111,2 долари. Од утрово барелот на американскиот пазар се тргува по цена од 108 долари, со раст од 3,4 отсто.

Претходната недела цените на нафтените деривати паѓаа и се искачија и под 100 долари, до четврток, кога беше забележан раст на вредноста од 6 отсто.

Пумпите во земјава во петокот го сменија ценовникот, прочитајте повеќе ТУКА.

Биткоинот утрово вреди 41.000

Пазарот на криптовалути е стабилен. Биткоинот утрово вреди 41.050 долари, што е благ пад од вчера. Акциите на речиси сите технолошки компании од утрово пораснаа за 4 отсто.