Утринава биткоинот ја надмина вредноста од 52.000 долари и се тргуваше за 52.150 американски долари.

За прв пат во историјата биткоинот вчера скокна до 52.146 долари, што е кулминација на оптимизмот што трае речиси две цели недели.

Овој раст е придвижен од компанијата MicroStrategy  која деновиве објави дека ќе купи нови 600 милиони долари во биткоини со издавање на конвертибилни обврзници, со рок на достасување во февруари 2027 година.

Се повеќе компании одлучуваат да претворат долари во криптовалути, а компанијата  Тесла  на Илон Маск влвложи дури 1,5 милијарди долари во биткоин. На сите скептици во корпоративната Америка, Маск им рече дека биткоинот станува посакуван магацин со вредност во време кога централните банки печатат пари со вртоглаво темпо.

Порастот на вредноста на биткоинот принуди многумина да признаат дека погрешиле во контекст на криптовалутите.