Втората најпопуларна криптовалута – Ethereum достигна нова рекордна вредност денес со цена од над 1676 долари според Coindesk. Во моментов, оваа дигитална монета може да се купи за 1.540 американски долари.

Да потсетиме, Ethereum (ETH) постави претходен рекорд точно пред две недели, на 20 јануари, кога ја надмина својата највисока вредност од 2018 година и достигна цена од 1.428 долари.

Пред околу три месеци, на почетокот на ноември минатата година, неговата цена беше околу 400 долари. Ова практично значи дека трговците кои тогаш „купувале“ ЕТХ за вредност од 1.000 евра, денес имаат скоро 4.000 во џебот.

Како една од причините за растот на вредноста на Ethereum, експертите од оваа област наведуваат дека повеќето криптовалути растат, предводени од најпопуларниот Bitcoin, така што Ethereum е едноставно дел од трендот.

Според некои проценки, вредноста на Ethereum може да достигне дури 2.600.