За да одговори на зголемените барања на граѓаните за обезбедување сопствен дом или паметно вложување на своите средства, Халкбанк креираше нов производ – Станбен кредит со животно осигурување што нуди во моментов најповолни услови на пазарот – фиксна каматна стапка од 3,2 односно 3,3%, во зависност од производот, за период од 10 години.

Новиот производ наменет за физички лица кои се во редовен работен однос и пензионери, може да се користи за купување стан, куќа или деловен простор, како и за рефинансирање изложеност во други банки по основ на станбен кредит. Временскиот рок на отплата е до 30 години и за новиот производ е ниска стапката на вкупни трошоци, а дополнително нема трошоци за проценка и за одобрување, како ни надомест за ликвидација на кредитот од сопствени средства. Кредитот е со намалено учество од 10%, а за овој производ банката нуди и големи олеснувања во обезбедувањето.

Станбениот кредит со животно осигурување на Халкбанк е обезбеден со полиса за животно осигурување со што се овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство. Халкбанк е лиценциран застапник за продавање на полиси за животно осигурување од Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, а полисата се плаќа еднократно пред исплата на одобрените средства.

„Во барање нов стан клучна улога имаат два фактори – дали ви се допаѓа како изгледа некој стан, неговата локација и секако буџетот, односно како да се обезбедат потребните средства за негово купување. Токму затоа, во време кога расте интересот на граѓаните за решавање на едно од најважните животни прашања – обезбедување сопствен дом, ние во Халкбанк решивме да понудиме станбен кредит со најповолни услови на пазарот – со ниска каматна стапка од 3,2% фиксна за период од 10 години. Со новиот производ веруваме дека граѓаните добиваат можност да го купат она што најмногу им се допаѓа по најповолни услови, вели Омер Абдиу, од дирекцијата за односи со јавност во Халкбанк АД Скопје.

Максималниот износ за новиот кредитен производ е 200.000 евра, а клиентите добиваат можност и за грејс период од 12 месеци.

За сите заинтересирани кои купуваат недвижност во тек на градба, Халкбанк има развиена соработка со бројни, реномирани градежни компании од земјава.