Обидувајќи се да привлечат работници, како што пандемијата се уште демнее, големите компании спроведуваат невобичаена пракса за да ги намамат кандидатите за работа: шанса за секојдневна исплата.

Десетици работодавачи во САД, започнаа да им даваат опција на вработените да ги земат парите од нивната сметка веднаш штом ќе им заврши работното време, преку апликации за паметни телефони, како што Branch или Dailypay.

Вработените можат овие апликации да ги симнат на нивните Ајфон или Андроид смарт телефони употребувајќи емаил или телефонски број од страна на компанијата. Апликацијата им покажува на работниците колку пари прават на час во текот на работниот ден. Тие само со еден допир, откако ќе им заврши работното време или смената, можат да ги подигнат парите.