Дополнителен трошок за граѓаните. Сопствениците на станови ќе мора да обезбедат сертификати за енергетска ефикасност, трошок кој допрва ќе се утврди, а документот е неопходен ако сакаат да продадат или издадат стан.

Тарифниците сеуште не се готови, но според експертите цената ќе се одредува според големината на станот и за најмала квадратура  овој документ не би требало да биде помалку од 100 евра.

Енергетската ефикасност  на објектот ќе ја утрвдуваат овластени контролори. Сертификатот ќе го издаваат  лиценцирани фирми. Според експерите  оваа новина  е добра  за купувачот затоа што тој ќе знае според документот колку е потрошувачката  на струја во тој стан. Сепак  според нив пропуст во законот е тоа што се дозволува контролорите  се довозлува да бидат со помало образование од самите инженери.

Со новиот закон во идина секој што ќе сака да се откаже од градско парно ќе мора да докаже дека новото грејно тело ќе биде поефикансо и поекономично од  централното греење.

Со носењето  на овој закон земјава се усогласува со директивите на ЕУ обврска која беше наложена од ЕЕЗ.