Владата на денешната 36-та седница донесе одлука за деветнаесетта емисија на обврзници за денационализација во висина од 11,5 милиони  евра за реализација на вкупно 800 решенија за денационализација, кои се правосилни од 1 јануари 2019 година до 31 декември 2019 година и на кои им обезбедено правото за надомест во вид на обврзници.

Како што соопшти владината прес-служба, обврзниците за денационализација се издаваат со рок на достасување од 10 години и со каматна стапка од два отсто годишно.

„Исплатата на обврзниците се врши еднаш годишно на 1 јуни секоја година, а исплатата на обврзниците за денационализација од деветнаесеттата емисија ќе започне од 2021 година“, се додава во соопштението од владината седница.