Министерот за финансии, Фатмир Бесими во Анализа на ТВ24 вели подготовките се завршени се чека погоден момент и пониски каматни стапки.

Се ќе зависи според него од условите, и остануваат отоврени двете опции – задолжувањето да биде дел на надворешниот, дел на домашниот пазар.

Министерот повторува – буџетот е ликвиден, но се прават анализи за ребаланс. Разговорите и преговорите со министерствата во однос на ребаланост се веќе започнати. Поради војната во Украина, Бесими вели очекувано е проекциите да се корегираат. Кога би бил готов ребалансот нема детали.

Владата минатата недела за ублажување на ценовниот шок врз граѓаните, но и компаниите излезе со сет од мерки – целиот пакет антикризни мерки тежи 400 милони евра – во него вклучува даночни ослободнувања, намалувања, замрзнувања на маржи, еднократни ваучери. А не се исклучува можноста ниту за нови мерки.

Надлежните и натаму смируваат денарот е стабилен – таков ќе остане, нема простор за паника.