Почитувани читатели на БанкоМетар.мк, сакаме да Ве известиме дека последниот месец се појави нова измама на интернет за лажнен правен субјект кој „издава“ кредити на наши граѓани.

Сега станува збор за некоја „наводна“’ компанија : HELIX Credit group од Франција која нуди кредити и на наши граѓани.  Сакаме да апелираме и да Ве известиме дека станува збор за повторна интернет измама која се шири преку Фејсбук, Инстаграм и други социјални канали.

Редакцијата на БанкоМетар.мк доби повеќе вакви жалби од наши сограѓани кои биле измамени од страна на овој профил, кој исто така праќа и мајлови на приватни е-адреси.

Како функционира оваа измама? 

Штом стапат во контакт со Вас и имаат Ваши лични податоци ( име, презиме, телефон, е-маил, адреса и слично ) , потоа Ве известуваат дека кредитот Ви е одобрен. Обично станува за големи и нелогични износи од 100.000 ЕУР или повеќе, што се разбира е крајно нелогично и сомнително.

Потоа, за да можат да ви ги „префрлат“ парите, ќе Ви побараат 400 ЕУР да уплатите на сметка на физичко лице во Франција. Овие пари служеле за „осигурување“ на кредитот, нешто слично со било кое осигурување ( автомобилско, имотно, животно ) што се разбира е чиста и ноторна лага.

Штом ги добијат парите, едноставно исчезнуваат и не Ве контактираат. Попусто ќе се и Вашите обиди да ги контактирате нив.
Станува збор за класична измама и грабеж и бидете претпазливи.

Ве молиме споделете ја оваа информација за да запознаеме што поголем број сограѓани за оваа измама кој овој месец повторно се појави на интернет, а особено на Фејсбук.