Пандемијата очекувано предизвика голем потрес на светските берзи, секако дека и македонската берза не е имуна. За подобро следење на ситуацијата и подобра анализа на податоците од тргувањето се погрижија инженерите од тимот на MAGIX.AI —  македонски стартап од Скопје кој работи во полето на Вештачка Интелегенција и Машинско Учење. Нивниот нов продукт за анализа на берзанското тргување сега е бесплатно досапен за користење преку нивната веб страна https://magix.ai/mse/.

Пример за приказ на акциите на Комерцијална Банка, АД, Скопје:

Станува збор за богата визуелизација на податоци од почетокот на тргувањето на повеќето акции од македонската берза се до денес. Наменета е за финансиски аналитичари, но и за било кој приватен инвеститор. Тие имаат можност да изберат приказ на ценовно движење, истргувана количина и разни трендови во различен временски период (од 10 години па до приказ на месеци или денови), нешто што не е досапно на страницата на македонската берза, или е многу потешко достапно и визуелно несоодветно. 

“Се надеваме дека со оваа алатка ќе дадеме мал придонес за полесен пристап до податоците од тргувањето на берзата и дека после кризниот период, трендот на зголемување на цената на акциите што преовладуваше пред пандемијата ќе продолжи.” – изјави проф. д-р Ефтим Здравевски, предводник на Data Science тимот во MAGIX.AI.

Освен оваа алатка, во MAGIX.AI работат и на многу други проекти во областа на Вештачка Интелегенција и Машинско Учење, најчесто за клиенти од Канада и САД. Исто така тоа тие се во процес се на изработка на интелегентен виртуелен асистент (chatbot) за финансиски институиции на македонски јазик. И оваа алатка ќе биде од корист на сите банки во моментов, како дел од процесот на дигитализација на финансиските услуги. Дополнително ќе помогне во намалување на гужвите во експозитурите и со тоа ќе придонесе во намалување на ризикот за ширење на пандемијата.