Ќе има поволни услови односно ниски каматни стапки, а корисници може да бидат микро, мали и средни компании. На денешната прес-конференција во владата беше нагласено дека кредитната линија ќе се реализира преку квалификувани банки учеснички и е креирана, пред се, да им овозможи на компаниите поволна кредитна поддршка при реализација на проекти од сферата на дигитализација и дигитална трансформација..