На вашиот бизнис му требаат обртни средства? Комерцијална банка ви нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програма на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година.

Оваа кредитна поддршка ја подобрува ликвидноста на вашата компанија, но ѝ обезбедува и стимул за натамошен раст и развој. Кредитот е со каматна стапка до 4% годишно и со рок на отплата до 12 месеци, а максималниот износ на трошокот за камата кој може да биде субвенциониран е 1.200.000 денари.

Кредитната линија ги поддржува компаниите кои одлучиле да ја реинвестираат добивката остварена во 2021 година. Финансиската поддршка што ќе ја добијат преку кредитот е максимум 20% од остварената нето добивка и максимум до износот на реинвестираната добивка.

Аплицирајте за кредитот за обртни средства со субвенционирана камата во Комерцијална банка и обезбедете си иднина на вашиот бизнис.