Редовната пролетна крводарителска акција во Комерцијална банка повторно беше повеќе од великодушна. Со дарувани 38 единици крв, вработените во Банката и овој пат ја искажаа својата хуманост.

Дарувањето крв е традиционална мисија на вработените во Комерцијална банка со која помагаат за спасување човечки животи и поттикнуваат хумани вредности достојни за почит.

Комерцијална банка и Заводот за трансфузиологија им се заблагодаруваат на хуманоста и ги охрабруваат да останат верни на оваа благородна мисија.