Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.05/2026 за долгови доспеани до 31.01.2026 година и неплатени до 30.04.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.
Расте бројот на фирми-должници: 56 нови правни лица на црната листа на УЈП
На Листата на должници бр.05/2026 објавени се 1.954 должници – правни лица (повеќе за 56 од претходната листа) и 3.064 физички лица (помалку за 14 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2026 изнесува 12.127.971.312 денари, (повеќе за 141.348.894 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.938.936.253 денари, (повеќе за 131.074.325 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 189.035.059 денари (повеќе за 10.274.569 од претходната листа).