Со првата мерка – финансиска поддршка на плати за вработените во висина од 1 милијарда и 920 милиони денари за месеците февруари и март 2021 година, ќе бидат опфатени околу 60.000 работници месечно.

Финансиската поддршка ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, за да се поддржат работните места во домашните компании во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година, споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020.

Мерката број еден е опционaлна и компаниите имаат избор да ја користат или првата или мерката 2 – кредити со 0% камати за компаниите од дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватните здравствени установи и слично, преку Развојната банка на Северна Македонија.

Втората мерка е во висина од 615 милиони денари и за неа може да се аплицира во текот на 2021 година.Втората мерка се однесува и на Самостојните вршители на дејност и на приватните здравствени установи.

Во зависност од вкупниот поголем обем на работа и зголемената добивка ќе имаат можност компаниите да добијат скалесто неповратен дел од кредит од 30% до 50% од самиот кредит. – Велат од Владата.