Објавен е оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со големина над три хектари. Вкупната површина е повеќе 1.240 хектари во 118 катастарски општини. Рокот за поднесување на апликациите е 20 дена од неговото објавување, односно од 5-ти мај годинава…

Државата нуди вкупно 1.240 хектари земјоделско земјиште, распоредени во 14 региони или 118 катастарски општини. Парцелите се со големина од над три хектари.

Предвидената намена е за подигнување на долгогодишни насади, ливади и рибници, за поставување на пчелни семејства, за брзорастечки растенија и други култури.

Идните закупци парцелите ќе ги добијат на користење за период од 15 до 70 години во зависност од културите.

Право на учество имаат домашни физички и правни, и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавениот оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина.

Почетната цена е од 15 до 120 евра за хектар во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. Еден земјоделец може да достави една понуда, а да аплицира за еден или за повеќе региони.

Огласот за закуп ќе трае 20 дена од неговото објавување, односно од 5-ти мај годинава, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.