Друштво за производство, трговија и услуги Гама Петрол ДОО Скопје е името на новата компанија со руско-грчки капитал која се шири во нафтениот бизнис во Македонија.

 

Според објавата на Централниот регистар, новата компанија е основана со основен влог од 6.000 евра, со дејност-трговија на мало со моторни горива и мазива со специјализирани продавнници.

 

Сопственици на нафтената компанија Рјабих Николај од Русија, Александар Горшков исто така од Русија и Александрос Манасидис од Грција.