Конзервативниот економист и истакнат ТВ-експерт Лери Кадлоу ќе го замени Гери Кон како највисок економски советник на претседателот на САД, Доналд Трамп

Минатиот вторник дотогашниот економски советник на Трамп, Гери Кон поднесе оставка- очигледно впоради спорот околу казнените царини за челик и алимуниум кои ги воведе претседателот. Сега него ќе го наследи човек, кој исто така неодамна критички се изјасни за новововедените заштитни царини.

Во прилог телевизијата за која работи Лери Кадлоу, тој критикуваше дека американската индустрија за преработка на челик и алуминуим како и крајните потрошувачи ќе бидат губитници поради новите царини. Зголемувањето на царините, според него, е исто како и зголемување на даноците.

Критиката на Кадлоу за курсот на Трамп очигледно не беше одлучувачкиот критериум за вработување на економистот во Белата куќа. Кадлоу за ЦНБЦ изјави дека ја прифатил работата како економски советник во Белата куќа по цела редица телефонски разговори со претседателот. „Се знаеме со години и тоа беше извонредно искуство“. За време на претседателската кампања во 2016 Кадлоу  работеше како „неформален“ советник на Трамп.

70-годишниот Кадлоу исто како и неговиот претходник е инвестициски банкар. Но наспроти Кон тој има и владино искуство: уште за време на поранешниот претседател Роналд Реган, Кадлоу работеше во Белата куќа. Подоцна се одлучи за кариера во медиумите и работеше за ЦНБЦ.

Инаку Кон минатата недела не наведе конкредна причина за оставката. Од кругови во претседателскиот кабинет меѓутоа се вели дека една од причините била загубената битка против плановите на Трамп за заштитни царини. 57-годишниот републиканец важеше за застапник на слободната трговија.